„Коха Диторе“: Седум косовски џихадисти доселени во скопско

Седум косовски џихадисти доселени во скопско. Лицата се бореле на страната на Исламската држава (ИД) во Сирија, се вратиле на Балканот и сега се сместени во неколку села во близина на Скопје, објави приштинскиот весник „Коха диторе“, пренесува МИА.

Весникот се повикува на разузнавачки служби, кои биле информирани за пристигнувањето на Лавдрим Мухаџери, Ридван Хакифит и пет други Албанци, членови на ИД.

Голем број старнски џихадисти почнаа да ја напуштаат Сирија откако Русија, почна со бомбардирање цели на ИД во Сирија.