Постојат бројни извештаи кои пишуваат како Русија фрлила смртоносен бел фосфор на цивилите на северот на Сирија, хемикалија која е забранета со Женевската конвенција, затоашто отровната материја во допир со човечкото тело го гори телото до коска.
Белиот фосфор го користат војските да ги осветлат метите ноќе, или , пак, како димна завеса во текот на денот.
Шокантните фотографии кои се појавија на Твитер го прикажуваат небото полно со тоа потенцијално смртоносно оружје кое паѓа на Рака, главното упориште на Исламска држава. Иако во Рака повеќето се исламисти, активистите тврдат како жртвите на фосфорот се цивили и ги нарекуваат тие напади воени злосторства.
Организациите за човекови права тврдат дека во руските воздушни напади загинале повеќе цивили отколку припадници на Исламска држава.
Иако фотографиите не се потврдени како автентични, еден новинар тврди како градот е нападнат со фосфор.
Сведоци во Идлиб, град кој е контролиран од страна на опозицијата, за Тајмс вели како десеттина цивили се здобиле со страшни повреди по два напада со бел фосфор.
Знаевме дека станува збор за фосфор, затоашто целото небо беше осветлено, а кога падна на тлото, се се запали- рекол Ахмед, активист од Идлиб и додал дека се нападнати две села кои биле полни со цивили одалечени од воена база најмалку 60 километри.
Во нападите биле убиени 419 припадници на ИД. Невладина организација запишала 485 цивилни жртви меѓу кои 117 деца помлади од 18 години и 47 жени.
Русија, која интервенира во судирот за да му помогне на Башар ал Асад, тврди дека го напаѓа ИСИС и останатите терористички организации.