
Бугарската полиција денеска евакуираше дел од меѓународниот аеродром во Софија откако биле пронајдени сомнителни торби.
Во комбе паркирано пред аеродромот во Софија бил пронајден експлозив.
-Во комбето е пронајдена експлозивна направа, рекла портпаролката на бугарското Министерство за внатрешни работи, Даниела Велева, која додала дека полицијата се обидува да ја деактивира бомбата.
Полицијата претходно евакуирала дел од аеродромскиот Терминал 1 додека траела проверката на торбите во комбето.