Eвропјанецот Ванхауте со изјава: „Престанете да се*ете”

Европјанецот и белгиски олеснувач при изготвување на измените за Законот за медиуми, кои се дел од политичкиот договор од Пржино, Питер Ванхауте, кој се истакна со својот својот коментар дека македонскиот менталитет не бил на нивото на европскиот, продолжува со своето недостоинствено и безобразно однесување.

Освен тоа што за него Македонците се граѓани од втор ред и не се Европјани, денес со нова навреда: „Престанете да серете“! Oва го рекол Европјанецот Ванхауте на преговорите денеска.

Во меѓувреме, хистерично и со повишен тон се обраќал кон жени во текот на сите преговори. Сето ова било премолчувано од страна на СДСМ и нивните експоненти, за разлика од разумното однесување и достоинствено спротивставување и одговор од страна на претставниците на ВМРО-ДПМНЕ.

Премолчувањето на опозицијата, веројатно е желба да ја добијат наклонетоста на Белгиецот, по цена да трпат секакви навреди.

Медиумите шпекулираат дека предлогот на СДСМ за медиумите е со цел да биде одбиен, а на крајот Белгиецот да понуди комприомисно решение кое во Агенцијата за медиуми и во МРТВ ќе обозможи да се инсталираат кадрите на СОРОС и од таканаречениот невладин сектор, финансиран од странство и СДСМ.

Ваквото однесување е недопусливо и е однос кон протекторат, пишуваат граѓаните на социјалните мрежи, кои со негодување гледаат на однесувањето на Ванхауте, кое е нетипично за кој било дипломат.

Уште потрагично е однесувањето на оние кои премолчено ги прифакјаат таквите навреди, се коментарите кои можеа да се прочитаат доцна попладнево.

 

Прочитајте повеќе: 

Ова се предлозите на Ванхауте за Законот за медиуми