
Ако ја земеме предвид секогаш присутната циркулација на трендовите, се чини дека металикот ја отслужи својата казна и дочека повторно да завладее со улиците. Повторно измислениот металик сјај оваа сезона изгледа навистина неодоливо!
Високиот сјај на металикот најдобро изгледа на макси фустаните, но ако се одлучите да го носите своето металик парче на нестандарден начин, поиграјте си со скокотливите и одважни комбинации или заиграјте на картата футуризам – нема да погрешите! Освен тоа, оваа сезона металикот не е резервиран само за навечер, туку одлично функционира и во дневните стајлинзи.