Во вториот дел од сесијата шефот на македонската дипломатија укажал на македонските напори за справувањето со мигрантската криза.
– Сегашната мигрантска криза претставува голем хуманитарен, социјален и безбедносен предизвик со кој се соочува голем дел од Европа. Ова има потенцијал и за негативен ефект врз односите меѓу земјите членки на ОБСЕ. Проблемот ги надминува националните граници и оттука е потребна глобална и координирана акција, а на истото конечно се работи интензивно. Тоа не охрабрува, но е сеуште далеку од оддржливо решение, потенцирал Попоски.
На билатералните средби на Попоски при учеството на состанокот е разговарано за тековните политички и безбедносни предизвици во ОБСЕ регионот, како и состојбата со мигрантите низ балканската рута, с евели во соопштението од МНР.