Кампањата првенство ќе има едукативен карактер, преку специјално дизајнирани едукативни материјали кои ќе бидат поделени на оваа популација. Тие содржат пораки и совети кои што младите треба да ги почитуваат за да бидат безбедни на патиштата. Понатаму, младите преку промотивни и едукативни активности ќе се едуцираат на оваа тема.
Во рамки на кампањата РСБСП ќе продолжи со совети и предавања за младите, а во Скопје и низ Македонија ќе има штандови со материјали и едукација.
Од РСБСП посочуваат дека нивната цел е преку овие активности да ги објаснат ризиците и опасности кои ги демнат при несоодветно и небезбедно учество во сообраќајот и тоа непосредно пред да влезат во својот автомобил.
Инаку,статистиката покажува дека во светски рамки сообраќајни несреќи се причина број еден за смртност помеѓу младите на возраст од 15-19 години и втора причина за смртност на младите помеѓу 20-24 години. Во Македонија во првите 9 месеци се случиле повеќе од 1000 сообраќајни несреќи во кои причината била брзото возење или пак возење под дејство на алкохол.