Во последното деноноќие издадени се потврди на вкупно 3.673 странски државјани, од кои 1.741 се од машки пол, 725 се од женски, 911 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 296 деца кои патуваат без родител, на кои издадена е потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.
Како што информира МВР, според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-1.570, Ирак-1.174 и Авганистан–929.
Во период од шест месеци низ земјава поминале над 300.000 мигранти
Во периодот од 19.06.2015 до 04.12.2015 година до 24:00 часот, издадени се потврди на вкупно 304.759 странски државјани, од кои, 174.275 се од машки пол, 48.184 се од женски, 65.940 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 16.360 деца кои патуваат без родител, на кои им е издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.
Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-179.064, потоа Авганистан-73.867, Ирак-30.390, Иран-6.231, Пакистан-5.416, Палестина-2.158, Сомалија-1.276, Бангладеш-1.253, Мароко-1.314, Конго-514, Алжир-453, Либан-434, Нигерија-279, додека останатите се во помал број.
Во периодот од 00,00 до 24,00 часот на 04.12.2015 до Секторот за азил не се поднесени барања за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.
Од започнувањето на издавањето на потврдите до 04.12.2015 година до Секторот за азил се поднесени 82 барања за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда, при што 55 барања се од државјани на Сирија, со нив се и 23 деца кои го придружуваат родителот, потоа 13 барања од државјани на Авганистан со нив се и 14 деца кои го придружуваат родителот, три барања од државјани од Пакистан , по две барања од државјани од Мароко, Либан, Палестина, Алжир и Ирак (четири се деца кои го придружуваат родителот) и едно барање од државјанин на Египет.