ВИДЕО: Апсењето на Јорданецот што се обидел да урне авион на „Луфтханза“

Играчите на ракометниот клуб „Војводина“ успеале да го совладаат Јорданецот што се обидел да урне авион на „Луфтханза“.

Вистинска драма се одиграла денес на летот од Фрнакфурт за Белград. Американски државјанин со име Лакен кој по потекло е од Јордан се обидел за време на летот се обидел да ја отвори вратата од кокпитот и да го сруши авионот.

Лакен сакаше да ја отвори вратата и да предизвика хаос. Цело време говореше дека го загубил разумот и дека сака сите да одиме кај Алах. Ситуацијата беше напната. Несреќата за среќа беше спречена. Лакен беше совладан од страна на играчите на ракометниот клуб „Војводина“, вели неименуван извор за српски „Курир“.

Погледнете како изгледаше апсењето на белградскиот авион.