Од Автомото сојузот на Македонија информираат дека магла со видливост од 50 до 200 метри има кај Тетово, Гостивар, Страцин, Битола, Штип, Прилеп, Павлешенци, Македонски Брод и Кула.
Сообраќајот на сите патишта во Македонија се одвива без забрани, по претежно суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.
На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.