Оружје и пропаганден материјал конфискувани од џамија во Франција

Оружје и пропаганден материјал конфискувани од џамија во Франција
Оружје и пропаганден материјал конфискувани од џамија во Франција

Француската полиција при претрес на џамија во близина на Париз откри и конфискува муниција со калибар 7,62 милиметри за автоматски пушки „Калашников“ и пропагандни видео-снимки на исламска група.

Претресот бил извршен во џамија во градот Лани сир Марн, кој се наоѓа 30 километри источно од Париз. Џамијата била посетувана од салафити.

Пиштол и документи за џихадот биле откриени и во домовите на раководителите на џамијата.french-troops-outside-mosque

Полициската акција завршила со наредби за напуштање на реонот за 22 лица, а на деветмина им е изречен домашен притвор.

Џамијата има и училиште за изучување на Куранот, од каде се конфискувани педагошки материјали, меѓу кои и текстови на религиозни песни во слава на мачениците на џихадот, поврзани со ИД.

Претресите во објектите во Лани сир Марн биле извршени на 2 и 3 декември. Џамијата во Лани сир Марн е третта затворена во Франција по нападите во Париз од 13 ноември, при што загинаа 130 луѓе.