Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров изјави денеска дека Москва е подготвена да учествува во нова рунда мировни преговори за Сирија, чиј домаќин кон средината на овој месец би требало да бидат САД, но нагласи дека потребно е да биде постигнат меѓународен консензус.
Лавров истакна дека Русија е подготвена да учествува во разговорите, кој ги предложи американскиот државен секретар Џон Кери за 18 и 19 декември во Њујорк.
Тој додаде дека народите, кои се вклучени во разговорите треба прво да се договорат околу листата терористички групи во Сирија и за листата на опозициските групи, кои би можеле да бидат дел од разговорите за политичката транзиција во земјата.
Според него времето и местото на одржување на следната рунда мировни преговори мора да бидат прифатливи за сите учесници.