Новиот ГИС портал, преку кој ќе ги објавува и споредлува просторните информации со кои располага, беше денеска промовиран во Агенцијата за катастар на недвижности.
Овој портал, има за цел да им овозможни на сите заинтересирани субјекти да им се овозможи лесен пристап и преглед на сите информации со кои расоплага катастарот.
„Во овој ГИС систем на едно место се споени сите геопросторни информации од дигиталните катастарски планови, авионски снимки и топографски карти, кои се бесплатно достапни на институциите и граѓаните на Република Македонија. Порталот ќе придонесе за поголема ефикасност на институциите кои ги користат податоците од катастарот, а воедно ќе ја зголеми и транспарентноста на јавните услуги кои Агенцијата ги нуди“, рече вицепремиеро задолжен за економски прашања, Владимир Пешевски.
Овој портал, според него, нуди достапност до геолокациите на сите професионални корисници на Агенцијата, односно локациите на одделенијата за катастар на недвижности, нотарските канцеларии, геодетските компании и општините.
„Граѓаните и сите засегнати субјекти ќе можат многу лесно да ја пронајдат најблиската локација каде ќе можат да ги добијат услугите од катастарот, но и други услуги кои им се потребни, а ги извршуваат субјекти опфатени во порталот. Внесени се четири милиони парцели на територијата на Македонија, еден и пол милион имотни листови и над 800.000 објекти, а во приказ се и локациите кои се во тек на градба за определн објект“, појасни Пешевски.
Директорот на Агенцијата за катастар на недвижности Трпески нагласи дека Агенцијата се труди максимално да придонесе во подобрувањето, администрирањето и управувањето со земјиштето во Република Македонија и на тој начин да го подржи социоекономскиот развој во земјата.
„Новиот геопортал претставува комбинација на податоци, кои изминатите години се собирани од вработените на Агенцијата. Порталот на транспарентен и едноставен начин овозможува пристап до сите геопросторни податоци со кои располагаме“, рече Трпески.
Тој посочи дека тука може да се видат и 15-те технолошко-индустриски развојни зони дали се во формирање или се формираат, а новите инвеститори ќе може да ја видат состојбата, да измерат растојание до најблискиот аеродром, автопат, железничка станица.
Секој потенцијален купувач на стан може да ја види локацијата, квадратурата и името на инвеститорот.