Магла кај Гостивар, Ресен, Ѓавато и Кула. Сообраќајот на сите државни патишта се одвива тековно по местимично влажни коловози.
Како што информираат од ЈП МакедонијаПат, магла со видливост 20 метри околу Гостивар, додека кај Ресен, Ѓавато и Кула видливост 50- 100 метри.
Во клисурите и усеците можна е појава на помали одрони, особено на патните правци: Кочани – М.Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – крак Маврово, Маврово-Дебар-Струга, Д.Капија – Удово и Катланово-Велес.
Дежурните екипи на ЈП Македонијапат се постојано на терен и ги одржуваат сите патни правци проодни.
На учесниците во сообраќајот им препорачуваат внимателно управување со возилата, почитување на поставената сообраќајна сигнализација, како и прилагодување на брзината спрема условите на патот.