Спасов: Над 5.000 вработувања реализирани со мерките и услугите за 2015-та година

Повеќе од 5.000 вработувања се реализирани со мерките и услугите за 2015 година. Заменик – министерот за труд и социјална политика Диме Спасов најави дека и понатму ќе продолжи реализцијата на ваквите мерки и изрази уверување дека истите ќе влијаат за создавање и креирање нови работни места.

spasov-semos-2

Во завршна фаза е реализацијата на оперативниот план за активни мерки и политики за вработување за 2015 година. Преку овие мерки за вработување директни, односно преку обуките и субвенционираното вработување и исто така преку услугите кои ги нуди Агенцијата за вработување, вкупно досега оваа година се вработија околу 5.000 лица, од кои 2.000 лица преку различните видови на обуки кои што ги реализира АВРМ во соработка со приватни провајдери кои ги обезбедуваат обуките и околу 3.000 лица успејаа да се вработат во период од 12 месеци преку индиректните мерки за вработување, односно преку услугите кои ги нуди Агенцијата за вработување, како што е посредување при вработување, профилирање, професионална ориентација, мотивациски обуки, истакна заменик- министерот за труд и социјална политика Диме Спасов.

spasov-semos-3

Спасов најави дека и понатму ќе продолжи реализцијата на ваквите мерки со оперативниот план за вработување за 2016 година, кои ќе започнат да се реализираат од јануари месец следната година.

Верувам дека ќе влијаат за создавање и креирање на нови работни места и ќе влијае за намалување на невработеноста, додаде заменик- министерот.