
Меѓу 28-те повикани ракометари место доби голманот Даниел Дупјачанец, кој игра одлична сезона во дресот на Металург.
Во “жолто-црвениот” табор тој е на местото на Петар Ангелов – Диви, кој нема да биде дел од европскиот ракометен собир. Исто така повратник во репрезентацијата е и Златко Даскалоски, кој е меѓу стативите на тимот на Темишвар и е одличен во романскиот шампионат.
Точниот термин на подготовките дополнително ќе биде објавен. На Европското првенство Македонија е во група со селекциите на Франција, Србија и домаќинот Полска.