Лидерката на екстремно десничарскиот Национален фронт (НФ) Марин Ле Пен, им заблагодари на своите поддржувачи на поддршката и порача дека нема да се откаже од својата борба.
Ништо нема да не’ запре. Да живее Република Франција, напишала Ле Пен на Твитер, по објавувањето на првите изборни резултати, кои укажуваа на пораз на НФ во сите региони.
Лидерката на НФ ветила дека ќе продолжи да се бори за поддршка кај своите гласачи.