Ердоган наговестува затоплување на односите со Израел

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган наговестил денеска дека е можно затоплување на односите со Ираел, порачувајќи  дека нормализацијата на двете земји би можело да биде од голема корист за целиот регион.

Односите меѓу Турција и Израел, поранешни сојузници, се прекинати откако во 2010 година израелска морнарица нападнала флота која се движела ко Газа, усмртувајќи дветмина турски државјани, по што Анкара стана најостар критичар на израелските акции во Газа. Обидите за помирување на овие две земји повеќе пати не беа успешни.

Турција сака да развива стратешки односи со Русија

Ердоган кажал дека Анкара не сака конфликти ни со Русија, туку сака со неа да развива стратешки односи.

„Развивавме стратешки односи успешно изминативе десет години и сакаме така да продолжи“, кажал Ердоган за телевизијата „HaberTurk”.

Тој додал дека стратешките односи на Анкара и на Москва не би требало да бидат загрозени со инцидентот кој се случи на 24 ноември, кога турските сили соборија руски воен авион кај турско-сириската граница.

„Би сакал наскоро се’ да поправииме“, кажал Ердоган, додавајќи дека двете страни треба да го надминат проблемот по дипломатски пат и да покажат намера да ги обноват односите.