Градот Скопје и градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, најостро реагираат на повторните лаги изнесени од страна на СДСМ, дека Градот Скопје ги исекол дрвјата во кампусот на УКИМ.
Имено, и покрај испратениот демант од Град Скопје уште на 12.12.2015 година СДСМ продолжува со своите лаги и клевети.
Поради тоа, бараме јавно извинување за изнесените невистини. Во спротивно, ќе биде поднесена пријава пред надлежен судски орган, за клевета.
Градот Скопје уште еднаш сака да нагласи дека ЈП „Паркови и зеленило“ на Град Скопје не ги исече дрвјата во кампусот на УКИМ. Појаснуваме дека Градот Скопје е должен, во согласност со Законот, да издаде решение за сечење дрвја кога ќе приложи инвеститор градежна дозвола за спроведување на Детален урбанистички план, стои во реакцијата на Грда Скопје.