Во Културниот центар „Феникс“ од денеска до крајот на месецов ќе биде поставена новогодишна изложба на слики од мал формат.
– Целта на ликовната изложба, која ќе опфати над илјада ликовни експонати е, главно, да се презентираат ликовни дела со помал формат и со пристапни цени кои ќе претставуваат траен новогодишен подарок и ќе се најдат кај голем број граѓани во нивните домови и работни простории, соопшти „Феникс“.
Организаторот посочува дека за изложбата нема тематско-мотивски и стилско-изразни ограничувања, а сите заинтересирани ликовни творци своите дела треба да ги достават до денеска во Културниот центар „Феникс“.
На новогодишната изложба на слики од мал формат ќе биде доделена и награда „Арт феникс“ за најбаран, односно најпопуларен автор презентиран со свои слики на овој мал саем на македонски ликовни дела од мал формат и минијатури.