
Снаа ја тепала и ја малтретирала свекрвата. Седумдесет и седумгодишната тетовка Б.Б, вчера пријавила дека подолго време психички и физички била малтретирана од нејзината 42-годишна снаа Ц.Б, со која живеела во заеднички стан.
На 10-ти овој месец во попладневните часови, Ц.Б. физички ја нападнала, удирајќи ја со тупаници по главата и телото и и нанесла видливи повреди.
Од СВР Тетово информираат дека Ц.Б. набрзо е повикана, разговарано е со неа и се превземаат мерки и активности за целосно расчистување на случајот, по што ќе следува соодветен поднесок.