
Токму на еден месец пред првиот натпревар на нашата репрезентација, промовирано е и првото видео во чест на избраниците на селекторот Обрван.
Во пеколно тешката група, каде покрај силната репрезентација на домаќинот Полска, ќе бидат и Франција, која со години доминира во репрезентативниот ракомет и секогаш незгодната Србија, македонските ракометари ќе треба да покажат и докажат дека се една од најсилните репрезентации на овој континентален собир.
Атмосферата се подгрева, Фалангата се подготвува за уште еднаш да ја покаже целата своја големина и да го оправда епитетот “најдобри навивачи во светот”, а до тогаш, уживајте во ова мотивационо видео кое започнува со зборовите на нашиот капитен, Кире Лазаров.