
Рускиот заменик-министер за надворешни работи, Алексеј Мешков денеска изјави дека Турција треба да плати компензации за соборувањето на рускиот воен авион покрај турско-сириската граница минатиот месец.
Според него Турција треба да даде гаранции дека такви инциденти нема да се случуваат во иднина.
Портпаролот на турското Министерство за надворешни работи изјави дека е невозможно да бидат исполнети руските барања за компензации за соборениот авион.