
Околу 20 отсто од државјаните на Бугарија сакаат да ја напуштат земјата за да работат во некоја од земјите членки на Европската унија, покажуваат најновите истражувања.
Едно од истражувањата е спроведено два месеци по отворањето на европскиот пазар за работна сила.
Анкетата спроведена во период од петти до 11-ти февруари на примерок од 1.000 испитаници покажува дека процентот на луѓе на возраст од 18 до 39 години, кои сакаат да работат во странство, е двојно поголем од просекот и достигнува 37 отсто.
Освен возраста, факторите кои што влијаат на желбата за миграција се местото на живеење и етничката припадност.
Поголем интерес за заминување од просечниот е регистриран меѓу припадниците на ромската и турската заедница.
Високото образование не е пресудно за напуштање на Бугарија, па така учесниците во анкетата со високо образование кои сакаат да работат во странство е под просекот.