Започната истрага против Марин Ле Пен поради објавување слики од ИД на Твитер

Против француската десничарка Марин Ле Пен е започната истрага откако на Твитер објавила фотографии од егзекутирања кои ги извршува Исламска држава (ИД), како и слика на која е прикажано како џихадисти обезглавуваат заложник.

Канцеларијата на обвинителот во париското предградие Нантер соопшти дека е започната истрага поради „ширење насилничка глетка“ преку Твитер, извршена од Ле Пен.

Таа вчера беше остро критикувана бидејќи објави на социјалната мрежа фотографии од злосторства на Исламска држава како одговор на еден новинар, кој укажал на сличност меѓу нејзината партија Национален фронт и ИД.