Москва тврди: Соборениот руски „Сухој“ не беше закана за Турција

Борбениот авион „Сухој – 24“ што беше соборен од страна на турските воздухопловни сили не претставувал закана за Турција, ниту за нејзините граѓани, изјави денес заменикот шеф на руските воздухопловни сили Сергеј Дронов.

Дронов на конференцијата за новинари истакна дека Русија има докази дека борбениот авион не го повредил воздушниот простор на Турција.

Во секој случај соборениот руски бомбардер не претставуваше закана за Турција и за нејзините граѓани, изјави Дронов, пренесува Спутник.

Во понделеник ќе биде соопштено што содржат црните кутии

Дронов изјави дека црната кутија од соборениот авион е оштетена и дека за симнување на податоците ќе биде користена специјална опрема. Како што се наведува, првичните информации за тоа што е забележено на снимката ќе бидат објавени во понеделник.

Руската војска поканила експерти од 14 земји да работат на црните кутии, но само двајца од нив ја прифатиле поканата, соопшти Министерството за одбрана, пренесува „Раша Тудеј“.

Во понделеник ќе биде соопштено што содржат црните кутии
Во понделеник ќе биде соопштено што содржат црните кутии

Двајцата експерти што прифатиле да учествуваат во студијата се од Обединетото Кралство и од Кина.

Инаку Турција го собори рускиот бомбардер на 24-ти ноември. Според Анкара бомбардерот го нарушил воздушниот простор на Турција и 17 секунди бил на турска територија.

Москва ги одбива овие тврдења и се надева дека црните кутии ќе помогнат да се потврди дека бомбардерот не го нарушил воздушниот простор на Турција. Црните кутии беа пронајдени од страна на сириските и руските војници кратко по инцидентот и беа пренесени во Русија за понатамошно истражување.