Рокот помина, а СДСМ остана глув на барањето материјалите од нелегално стекнатите материјали да бидат доставени до Катица Јанева.
Заев со самото одбивање да ги предаде материјалите директно го крши законот по повеќе основи, но и го повредува Пржинскиот договор на кој јавно се обврза. Тој најмалку четири пати јавно изјавуваше дека согласно роковите веднаш ќе и ги предаде материјалите на Катица Јанева со што уште еднаш докажа дека не си стои на зборот, пишува „Курир“.
Но тој има и законска обврска да го направи тоа, согласно постоечките и претходно важечки закони, но и според законот за заштита на приватноста. Членот 2 е јасен дека „Секој кој поседува материјали од незаконско следење на комуникации согласно член 1 од овој закон е должен во рок од 20 дена од денот на влегување во сила на овој закон да ги предаде материјалите на надлежниот јавен обвинител, согласно закон.“
Роковите за тоа одамна поминаа, особено што законот стапи во сила во ноември и се активираше оваа одредба од законот.
Овие законски нормативи го обврзуваат и техничкиот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски да дејствува. Тој има должност како министер да дејствува и да го спроведе законот обезбедувајќи ги материјалите. Изговорот за непредавањето е Катица Јанева која според СДСМ немала услови за чување на предметите.
Овој аргумент е неиздржан бидејќи