
Само неколку дена од објавувањето, граѓаните покажуваат огромен интерес за проектот „Купи куќа за млади“.
Вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески вчера на својот профил на социјалната мрежа Фејсбук одговараше на прашањата на граѓаните поврзани со проектот.
Граѓаните заинтересирани за проектот, изложувајќи го секој својот случај, го прашуваа министерот Ставрески дали може да аплицираат за проектот.
Ставрески меѓу другото, најави и дека од среда оваа недела Канцеларијата „Купи куќа, купи стан“ ќе почне да ги прима граѓаните заинтересирани за проектот „Купи куќа за млади“. Канцеларијата се наоѓа во Министерството за финансии и ќе прима граѓани секој работен ден до 15 часот.