Бред ја изневерувал Анџелина со мажи и со жени!?

Анџелина Џоли и Бред Пит поднеле барање за развод. Наводно Џоли поседува докази дека Бред ја мамел со жени, но и со мажи.

Американски таблоид тврди дека ги поседува документите за развод на славната двојка, и наскоро планираат да ги објават.

bred-izneveruval

Како причина за можниот распад на бракот е наводно прељуба, од двете страни. Анџелина, наводно по жестоките кавги со Бред на почетокот на декември замина за Камбоџа, за подоцна Бред да се соочи со наводни докази дека сопругата го мамела.

Џоли исто така поседува докази дека Бред ја мамел со жени, но и со мажи.

Инаку се шпекулира дека двојката заедно тежи 480 милиони долари, поради што бракоразводната парница може да биде пеколна поради поделбата на имотот, но и поради старателството над нивните шест деца. Се шушка дека проблемите во бракот Пит-Џоли се појавиле пред неколку месеци, а се кулминирало кога двојката заедно направи филм за пропаста на една љубовна врска, во режија на Анџелина Џоли.