Едно лице е потешко повредено, а седумнаесет се здобиле со лесни телесни повреди во судар на два автобуси во Белград.
Портпаолката на Брзата помош информирала дека еден маж е префрлен на реанимација во Ургентниот центар.
Исто така истакнала дека за сега пријавени се уште седумнаесет повредени и дека тие се згрижени со полесни телесни повреди.
До несреќата дошла кога автобус кој застанувал на станицата се удрил со другиот кој стоел на станицата.
Сведоците навеле дека една личност на коловозот завршила под едно од возилата.