Шведска го укинува плаќањето во готово, дали Србија и Македонија ќе го следат овој тренд?

Овој месец се појави мошне интересна вест: Шведска се подготвува да го исфрли од употреба плаќањето во готово, што значи дека банкнотите и монетите заминуваат во историјата.

Во оваа земја безготовинските плаќања и електронските пари наскоро би можеле да станат единствена опција, а слични планови имаат и Норвешка и Данска. Тоа значи дека банкоматите ќе одат во пензија, а банкнотите ќе останат присутни само како детал.

Надлежните во споменатите земји сметаат дека на овој начин ќе се намалат трошоците и истовремено ќе се добие поголема контрола над парите. Перењето, односно легализацијата на парите стекнати од криминални активности, како и финансирањето на терористичките организации, ќе биде речиси невозможно.

Шведска го укинува плаќањето во готово, дали Србија и Македонија ќе го следат овој тренд?
Шведска го укинува плаќањето во готово, дали Србија и Македонија ќе го следат овој тренд?

Сепак, одлуката на шведските банки да го забранат плаќањето со готовина како и укинувањето на банкоматите во руралните предели предизвика огорчување кај граѓаните.

И Србија ќе го следи примерот на Скандинавските земји?

Скандинавските земји од Балканот се мошне далеку географски, но уште повеќе по однос на развојот на стопанството и стандардот. Сепак, во Србија електронските плаќања имаат се повеќе следбеници, а слична е состојбата и во Македонија, но дали тоа значи дека во догледно време и ние би можеле да заборавиме на плаќањето во готовина?

Исчезнувањето на парите е цивилизациска неминовност, но не е реално да се очекува дека класичните модели на плаќање во готово ќе бидат укинати на глобално ниво во некоја догледна иднина, вели професорот од Белградската банкарска академија, Бранко Живановиќ.

Како што вели тој…