Традиционален новогодишен концерт на „ Танец “

Ансамблот за народни игри и песни „ Танец “ вечерва на големата сцена на Македонската опера и балет ќе го одржи традиционалниот новогодишен концерт.

Танец “ претставува симбол на македонскиот фолклор, традиција и култура веќе шест децении. Тој е културен амбасадор кој ја презентира и споделува богатата македонска традиција во земјата и во светот.

Има учестувано на повеќе од 4.500 концерти во земјава и светот.

Официјано е формиран во мај 1949 година со указ од тогашната влада. За успехот на „ Танец ” говорат бројните награди и признанија како што се „11 Октомври”, „Климент Охридски”, наградата од градот Скопје „13 Танец Ноември” како и орденот на заслуги доделен од претседателот на Република Македонија.