Обама најпопуларен во Косово

Американскиот претседател Барак Обама е најомилениот светски политичар, покажа опширното истражување за популарноста на светските лидери, што го спроведе „Галуп интернешенел“.

Обама е најомилен во Косово, каде што го поддржуваат дури 83 отсто испитаници, а следуваат Виетнам, Португалија, Шведска и Колумбија, додека најмалку е популарен меѓу Русите, Палестинците, Пакистанците, Израелците и Србите.

На дното на листата се наоѓаат дури и САД, каде секој десетти жител го поддржува Обама.

На листата најпопуларни светски лидери по Обама следуваат германската канцеларка Ангела Меркел, британскиот премиер Дејвид Камерон, претседателот на Франција Франсоа Оланд и индискиот премиер Нарендра Моди.