
Во мултимедијалниот културен центар „Матица екслузив” од Скопје, на 24 декември (четврток) година, во 19 часот ќе се одржи средба со музикологот Христо Христовски-Мулар.
Во оваа пригода ќе бидат промовирани четири антологии на влашки песни и две збирки на македонски фолклорни бисери.
За творештвото на познатиот автор од Крушево ќе говори проф.д-р Јане Коџобашија.
Промоцијата ќе биде збогатена со музички настап на авторот и на магистер Билјана Јосифов.