Последните заеднички фотографии на Џенсон Батон со сопругата

Иако двојката изгледаше среќно во октомври кога го славеа роденденот на Џесика, сепак тие се разделија само неколку дена подоцна.

Џенсон Батон и Џесика Мичибата последен пат беа видени заедно кон крајот на октомври за нејзиниот роденден на американското Гран При. Тие изгледаа мошне среќно заедно и тоа само неколку дена пред да одлучат да се разделат.

baton-2

Како што пишува британски „Сан“ двојката одлучила да стави крај по помалку од една година брак. Џенсон и Јесика стапија во брак кон крајот на минатата година, но никогаш не живееја заедно.

Прв пат разговарале за ставање крај на бракот по американското Гран При во Остин, Тексас на 25-ти октомври. Сепак, само неколку дена пред тоа, на 21-ви октомври двојката беше во Санта Моника, Калифорнија каде го славеа роденденот на Џесика.

baton-3

По завршуваењето на Гран прито во Тексас, Џенсон објави фотографија заедно со сопругата и тоа воедно е последната нејзина фотогфрафија што тој ја објавил, иако возачот на Ф1 е познат по тоа што постојано објавува фотографии на социјалните мрежи.