„Петар Поп-Арсов“ е најуспешен училишен спортски клуб во Македонија

„Петар Поп-Арсов“ е најуспешен училишен спортски клуб во Македонија
„Петар Поп-Арсов“ е најуспешен училишен спортски клуб во Македонија

На синоќешната манифестација за избор на спортист на годината, што ја оргнизира Агенцијата за млади и спорт, училишниот спортски клуб „Петар Поп Арсов е прогласен за најуспешен, во категоријата за училишни спортски клубови во делот на основното образование.

skolo2

Позлатена статуетка во рацете на Александар Аргироски, професор по физичко образование во награденото училиште
Позлатена статуетка во рацете на Александар Аргироски, професор по физичко образование во награденото училиште

Спортистите беа номинирани во десет категории, и три категории за најуспешните училишни спортски клубови во делот на основното, средното и високото образование. Номинациите произлегоа од националните спортски федерации, од спортските новинари кои учествуваа во гласањето заедно со седумчлениот Совет за спорт.

Оваа година гласаа 28 спортски федерации и 12 медиуми.

Ова е уште една спортска манифестација која носи сатисфакција на спортистите, тренерите, раководствата на федерациите и клубовите, на новинарите, навивачите, со една единствена цел да се популаризира и афирмира спортот.