
По бројните најави во англиските медиуми за враќањето на Дрогба во Челзи како тренер, ставајќи крај на играчката кариера, со официјален став се огласи и неговиот актуелен клуб Монтреал кој потврди дека фудбалерот од Брегот на слоновата коска е на пат кон враќање во Лондон.
Постојано сме во контакт со Дрогба и Челзи. Искрено се надеваме дека може да го имаме Дрогба и за 2016 во нашите редови, но свесни сме и за неговата желба да се врати во Лондон и да му помогне на новиот менаџер и на тимот. Дрогба, во секој случај, на крајот сам одлучува. Се е во негови раце, а ние не можеме ништо да промениме, се вели во Твитер реакцијата на Монтреал.