
Премиера на претставата „Будење на пролетта“ на „Интимен театар“ од Битола ќе се одржи на 28 декември, во 20 часот, a по втор пат ќе се игра на 30 декември (среда) во 21 часот. Претставата е работена по текстови од Франк Ведекинд и документарни материјали.
Режисерката на претставата, Софија Ристевска за првпат глуми во своја претстава. Покрај неа играат Здравко Стојмиров и Стефанија Милевска.