Празниците се повеќе се претвараат во предпразнична еуфорија и шопинг, со што најчесто сме опседнати, па забораваме на она најважното, на семејните собири, традицијата и дружењето.
Сепак, постојат некои подароци што нема да ве чинат ништо, а вашите блиски вечно ќе се сеќаваат на нив. Се што ви треба е само малку труд и време.
-
Цитат од омилената книга, песна
Изберете цитат од омилената книга или песна на вашиот. На парче хартија напишете го истиот, украсете го и ставете го во рамка.
Можете да изберете хартија во боја и секако при предавањето на подарокот треба и да појасните зошто сте го избрале одредениот цитат. Со овој подарок сигурно ќе го изненадите затоа што не станува збор за готов подарок, туку за знак на внимание за што сте се потрудиле.
-
Пораки на стратешки места во домот
Пораки на хартија што стратешки ќе ги поставите на разни места во домот. Сетете се на некои заеднички мигови, напишете ги на парче хартија и ставете ги на места каде што тој ќе ги види.
Дури и едноставните пораки од типот „Само да ти кажам дека те сакам“, ќе ве потсетат на она што е важно. Пуштете ја фантазијата и сетете се на некои заеднички мигови, а преку картичките ќе ги оживеете.
-
Строго чувани семеен рецепт
Идеален подарок…