Словенија ќе приватизира повеќе компании од предвиденото

До крајот на оваа година Словенија ќе заврши со приватизацијата на 14 претпријатија, а за два или три месеци ќе достави листа со уште компании чии средства ќе бидат продадени на приватни инвеститори, пренесе „АФП“ повикувајќи се на изјава на премиерот на земјата Аленка Братушек.

Изјавата следуваше по обидите на Словенија да ги поправи јавните финансии преку продажба на државни средства.

Братушек објасни дека владата ќе спроведе диференциран приод при приватизацијата на компаниите. Така, некои од државните компании ќе бидат приватизирани целосно, а други ќе продадат само партиции.