
Три лица се уапсени во скопско Танушевци. Лицата се товарат дека со две возила превезувале 40 пакети петарди.
Како што инфомира МВР, вчера околу 11,00 часот село Танушевци-Скопје, на местот викано „Компириште“, од страна на полициски службеници „Алфа“, лишени од слобода се Љ.М.(21), А.Р.(24) и А.Љ.(19) поради тоа што со автомобили „Алфа Ромео“ со скопски регистарки ознаки и „Шаран“ исто така со скопски регистарски ознаки пренесувале 40 пакети петарди и останати пиротехнички средства.
Истите се приведени за понатамошна постапка.