Приведени неготинчани и гостиварчани кои круимчарале мигранти

Шест лица се приведени бидејќи во два наврати круимчареле мигранти.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи приведени се 33-годишниот Д.Д. и една година постариот Т.В.Џ., двајцата од Неготино се приведени откако полицијата ги фатила како круимчарат мигранти.

Во саботата  околу 21 часот првопријавениот во предходен договор со второпријавениот за сума од сто евра превзел на локалниот кај бензинската пумпа на Лукоил, на стариот пат за село Богородица за влез во Гевгелија, вкупно пет мигранти од Еритреја, кои ги прифатил и превезувал автомобил  „Нисан“ со бугарски регистарски таблички, сопственост на бугарска фирма од Петрич, а со издадено  одобрение за полномошно на второпријавениот.

Автомобилот со мигрантите  е запрен од страна на полициски службеници во близина на базата на Македонија.

Првопријавениот е лишен од слобода и приведен во саботата, додека за второпријавениот беше распишан централен распис во недела истиот е лишен од слобода.

На двајцата им е одреден 30-дневен притвор.

Покрај овој случај Oдделението за прекуграничен криминал и миграции поднесе кривична пријава и против лицата А.Б. (23) од село Здуње, гостиварско, Е.А. (22) од село Врбјани, мавровско, Е.Б. (20) од село Балин Дол гостиварско и Н.А. (21) од село Врбјани, мавровско, поради постоење основано сомнение дека сториле кривично дело – “криумчарење мигранти“.

Во петокот  околу 23.00 часот кај местото викано  „Казино Сенатор“ во близина на локалниот пат Гевгелија-Богородица пријваените по предходен договор со два автомобили  „Опел Омега“ и „Фолксваген Кеди“ двете со госитварски регистарски таблички управувани од Е.А. и Н.А. заминале до Гевгелија, каде што прво и второпријавениот прифатиле, а потоа во автомобил „Опел Омега“ превезувал двајца мигранти, сириски државјани, а пак Н.А. и Е.Б. во второто возило „Фолксваген Кеди“)прифатиле и превезувале девет мигранти од кои петмина државјани на Сирија а четворица државјани на Авганистан., кои што ги оставил на регионалниот пат Гевгелија-Богданци кај м.в„Краварски пат“, предходно избегнувајќи полициска контола на м.в „Раскрсница Богородица“, каде што полициски службеници го сопреле првото возило.

Прво и второпријавениот се лишени од слобода, додека Е.Б. е приведен наредниот ден, и им е одреден притвор во траење од 30 дена.

И во двата случаи, мигрантите се сместени во Прифатниот центар.