Томас Нунук неодамна на ЈуТјуб објави видео снимка на која се гледа како тој и неговиот пријател шетаат по стаклено – проѕирно езеро во планинскиот венец Висока Татра во Словачка.
Покрај тоа што одредени корисници сметаат дека видеото е монтажа, има и онакви кои застанаа на страната на Томас.
-Дали некогаш сте виделе кристално чисто смрзнато езеро? До ваква појава доаѓа кога температурата нагло ќе падне, а претходно не паѓал снег кој би ја заматил водата. Ваквите временски услови биле чести во последно време, што го објаснува ваквиот чист и проѕирен мраз, вели Игор Лудма, искусен туристички водич.
-Се чини дека мразот е дебел околу два сантиметри, што е доволно за да ја издржи тежината на човекот.