
Заменик министерот за образование и наука, Спиро Ристовски, во рамки на кампањата „На Македонија и треба твојата идеја“ вчера во Ранковце истакна дека Македонија помина низ еден период кој се карактеризираше со деструкција од страна на опозицијата.
-Сведоци сте дека во последно време таа деструкција продолжува, а сведоци сте и дека ВМРО-ДПМНЕ како одговорен политички субјект ги спроведува сите свои обврски, од она што значи политички договор, но пред се од она што значи наша најголема сила-работата, реализацијата на нашите ветувања. Наша основна грижа е подобрување на секојдневниот живот на граѓаните. И оваа година сме на непосредни трибини со граѓаните. Сведоци сте дека во изминатиот период како Влада реализиравме голем број ветувања, а голем број проекти кои беа најавени, иако постоеја сомнежи дека е бидат решени, ние продолживме со нивното реализирање, истакна Ристовски.
Тој додаде дека она што како партија го прават е одговор на барањата на граѓаните од сите населени места.
-Само одговор на вистинските барања на граѓаните може да дадат вистинска поддршка за една политичка партија. Токму затоа ВМРО-ДПМНЕ во изминатите години во континуитет ја добива поддршка, ветувале реални проекти кои се потреба за граѓаните и истите ги реализираме, потенцираше Ристовски.