
Така работат и најголемите клубови. Европскиот првак Барселона раскина договор со младиот фудбалер Серхи Гвардиола, по само 7 часа и 13 минути, откако беше откриено дека тој во минатото објавувал ’лоши твитови’ против клубот, Каталонија и против првата ѕвезда Лионел Меси.
Оттаму и експресниот раскин на договорот со Гвардиола, кој инаку не е во роднинска врска со познатиот фудбалски стратег.
Серхи Гвардиола требаше да биде дел од Б-тимот на Барселона, но откако навивачите реагираа дека во клубот доаѓа играч кој всушност ги мрази Барселона, Каталонија и Меси, договорот е експресно раскинат.