Од какви жени се плашат мажите и зошто

Генералната претпоставка дека жената е „расипана“ се заснова начинот на кој таа ја изразува сопствената сексуалност и тоа говори многу повеќе за тоа како другите луѓе се гледаат себе си, а не за тоа каква е жената во суштина.

Митовите за женската сексуалност константно се менуваат и се дополнуваат, но и натаму се работи само за предрасуди и застарена перцепција на жените што имаат многу секс.

Мит: Жените што имаат многу секс се лесни

Жените што се впуштаат во незадолжителен секс имаат значително повисоки стандарди кога станува збор за „маж играчка“ отколку кога го набљудуваат „материјалот за врска“. Ова е еден елемент на необврзниот секс каде машкиот и женскиот пристап значајно се разликува. Мажите ги намалуваат сопствените стандарди кога бараат секс за една ноќ, додека жените ги креваат и бараат позгодни, поуспешни и подобри мажи.

Мит: Жените што имаат многу секс имаат проблем со самопочитта

Иако доказите покажуваат дека голем број жени и мажи што имаат одредени емотивни проблеми почесто се впуштаат во незадолжителен секс, станува збор само за спореден ефект на пореметувањето, а не за причина.

Жените што се впуштаат во секс без обврски, се додека немаат здравствени проблеми и водат здрав живот имаат значително поголема самопочит и помалку проблеми со својот физички изглед. Генералната претпоставка дека жената е „расипана“ се заснова на начинот на кој жените ја изразуваат сопствената сексуалност, а говори многу повеќе за тоа како другите луѓе се гледаат себе си, а не за тоа каква е таа всушност.

Мит: Мажите се предодредени да имаат многу секс, а жените да бидат моногамни

Постојат голем број…