
По компанијата „Хајтек“, која својата одлука за инвестирање ја објавија минатата недела, денеска по средбата со премиерот Никола Груевски и македонската „Технопласт“ објави своја инвестиција во ТИРЗ Скопје. Компанијата која се занимава со алати и пластични компоненти за автомобилската и електричната и електро- индустријата, ќе инвестира 10 милиони евра.
Целокупното производство на оваа компанија ќе биде наменето за извоз. Целта на оваа инвестиција е наметната од потребата за реализација на веќепостоечките проекти кои ги имаме за реномираните компании од автомобилската индустрија како што е БМВ, Ауди, Рено, кои се веќе во фаза на реализација и кои се со поддршка од страна на нашите добавувачи, кои исто така се реномирани компании- добавувачи во автомобилската индустрија. Наша цел е да ја продлабочиме соработката и со странските инвеститори лоцирани во индустриските зони, истакна сопственикот на компанијата Технопласт Ѓорче Тодоровски.