
Лидерот на украинската опозициска партија „Удар“, Виталиј Кличко ја повика Ангела Меркел да ги блокира сомнителните банкарски трансакции на украинските службеници, пренесоа УНИАН.
Кличко истакна дека е сосема можно да се направат чекори кон постигнување на компромис во Украина, ако му се укаже на претседателот Јанукович и неговите соработници, преспективата на мерките за борба против перењето пари.
„Сметам дека Европската унија и Германија имаат механизми за наметнување на санкции. Затоа е потребно да се направи целосна проверка на состојбите на Јанукович и неговото блиско опкружување, а исто така и на олигарсите кои ги поддржуваат“, истакнал Кличко.