Не, Денот на вљубените не е омилениот ден за запросување. Не е ниту Новата година. Идеален момент за запросување е Бадник.
Резултатите на истражувањето кое го спровела британска компанија, која се занимава со оганизирање на венчавки, покажало дека на прво место според популарноста кога станува збор за запросување е Бадник.
Според истражувањето 31 отсто од околу 10.000 испитаници рекле дека Бадник е идеалниот момент да се клекне пред избраничката.
На второ место е Денот на вљубените, а на трето новогодишната ноќ.
Директорката на компанијата, Сенди Морета вели дека токму Бадник се нашол на првото место бидејќи тоа е „романтичен период од годината, со снегулки и светлосни декорации, а воедно и семеен празник“.