Престижниот магазин „Форбс“ ја објави листата на актери кои заработуваат неверојатно многу, но на киноблагајните не им донесоа голем профит.
Според истражувањето на „Форбс“, прв на оваа листа е комичарот Адам Сендлер.
За филмовите во кои тој е главна улога „Тоа е моето момче“ и филмот кој доби многу критики „Џек и Џил“ Адам Сендлер доби големи хонорари, а за двата филма донесе заработка од само по 3,4 долари за секој долар кој му беше исплатен.
Но, оваа година филмот „Возрасни 2“ беше вистински погодок. Сендлер доби хонорар од 80 милиони долари, а продукцијата инкасираше 246 милиони долари. Но, бидејќи филмот беше прикажан во јули, „Форбс“ не го вклучи во својата анализа, па затоа Сендлер е прв на листата на преплатени актери, во кои многу се вложило, а парите не им се вратиле.
Втора на листата е Кетрин Хејгл која се прослави со „Вовед во анатомија“. Според „Форбс“ таа им донесе на продукциите само по 3,40 долари на секој долар што и е исплатен. Очигледно е дека растата нејзините хонорари, но не и профитот од киносалите.
Трета на листа е Рис Видерспун, која заработи само по 3,9 долари за секој долар која и беше исплатен.
Популарен и награден со Оскар, но тоа не е доволно за да ги наполни касите на киносалите. Николас Кејџ е четврт на листата на актери „платени за ништо“. Тој со своите улоги во филмовите и позајмување на гласот за анимираните блокбастери доби прилично високи хонорари, а заработи по шест долари за секој долар кој легна на неговата и онака дебела сметка.
Кевин Џејмс беше еден од актерите кои го освојуваше бокс офисот, но филмот „Here Comes the Boom“ го спушти на петто место на оваа листа. Тој заработи по 6,10 долари за секој долар кој однапред му беше исплатен.
Дензел Вашингтон, ѕвездата на „Брзи и бесни“ кој двапати го доби престижниот Оскар, повеќе од очигледно е дека не е ѕвезда на кино благајните. Според „Форбс“ тој носи заработка од 8.30 долари за секој долар.
Следни на листата се Стив Гелер со 22 долари за секој заработен долар, кралицата на романтичните комедии Џенифер Анистон која донесе 10.60 долари за секој долар кој и беше исплатен. Иста заработка на бокс офсиот имаше и Мет Дејмон, а последен на листата на „Форбс“ е Рајан Рејнолдс.
Минатата година прв на оваа листа беше актерот Еди Марфи.